АБА2: Да се биде или не за Работнички

По поразот од лутот ривал МЗТ Скопје во првиот натпревар на „балонот“ во Сараево, Работнички ќе бара излез на победничките патеки на мечот против Сутјеска од 16 часот со што ќе се комплетира и деветото коло од регионалното првенство.

Македонскиот најтрофеен клуб се наоѓа во лоша положба на дното на табелата во АБА2 лигата со скор од две победи и шест порази на четири кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната, па победа за „црвено-белите“ против тимот од Никшиќ е единствениот императив.

Работнички на овој меч влегува со фаворитска улога, но нема да биде лесно избраниците на Мираковски да стигнат до третиот триумф во сезоната. Двата тима негуваат спротивна игра па ќе биде интересно да го видиме надмудрувањето на паркетот.

Се вчитува...