АБА2 ќе почне со „македонско дерби“

Новата сезона во АБА2 лигата ќе почне со „македонско дерби“ меѓу ТФТ и Пелистер, беше обелоденето денеска, откако регионалното натпреварување ги објави листата на учесници и календарот за наредната сезона. За „пелистерци“ ова ќе биде втора сезона во „јадранското друштво“, ТФТ ќе дебитира во ова натпреварување, а двата наши претставници својата пресметка ќе ја имаат уште во првото коло, чиј термин за почеток ќе биде дополнително одреден.

Раководството на АБА-лигата донесе одлука како и во претходните две сезони, АБА2 повторно да се игра со турнирски систем, при што сите екипи би одиграле по еден меѓусебен дуел (секој со секого), а ќе бидат одржани пет турнири во текот на регуларниот дел од сезоната.

Покрај ТФТ и Пелистер, дел од новата сезона од АБА2 ќе бидат Борац Бања Лука, Горица, Хелиос Санс, Крка, Подгорица, Слога, Спарс, Сутјеска, Шенчур, Широка Бријег, ТФТ, Осијек и Златибор.

Се вчитува...