АБА2: Младост со лекција за МЗТ Скопје

Македонскиот претставник во плејофот на АБА2 лигата со пораз од 95-75 против Младост Земун го започна патот до првата АБА лига. Аеродромци не беа на нивото на овој натпревар на двата дела од теренот, српскиот состав ја користеше предноста во висина, ја доби скок играта (47-22) и сосема заслужено стигна до победа.

МЗТ Скопје подобро го започна натпреварот и благодарение на шутот за три поени прв ја превзема иницијативата. Сепак избраниците на Радуловиќ не успеаја да го задржат моментумот до крајот на првата четвртина во која домаќиниот го контролираше скокот, а со подобрата игра во рекетот на аеродромци, составот од Земун поведе со 28-19. Ритамот на Младост продолжи и до полувремето, српскиот состав прикажа вистинско шутерско шоу па од минута во минута го зголемуваше водството. Одбраната на избраниците на Радуловиќ не беше на ниво, „сино-белите“ ни служеше ни шутот во нападот па во еден момент македонскиот состав имаше негатива од 21 поен (52-31), но преку подобриот финиш на средбата во која „штрковите“ преку шутот за три поени направија серија од 8-0 успеаја да ја облажат негативата нд 52-39 по 20. минути игра.

Со добриот финиш на првото полувреме, МЗТ Скопје наговести изедначен дуел, а на отварањето на второто ги исполни очекувањата. Агресивната одбрана го наруши ритамот на Младост, па „сино-белите“ успеаја да стигнат до едноцифрена негатива, но избраниците Радуловиќ има за што да жалат бидејќи не успеаја да реализираат од неколку изградени позиции и во играта во транзиција за дополнително да ја намалт предноста. Српскиот состав се консолидираше во прав момент, па преку шутот за три поени повторно ја врати „комотната“ предност пред одлучувачката четвртина (70-58). Аеродромци не успеаја да го задржат ритамот и во последната четвртина, Младост продолжи со течниот напад па повторно стигна до убедлива предност од дваесет поени, која „сино-белите“ не успеаја да ја ублажат пред одлучувачкиот втор натпревар.

Иван Карачиќ беше предводник на МЗТ Скопје со 15 поени, 6 скока и 4 украдени топки, додека него го следеше Френк Тарнер со 10 поени и 8 асистенции.

Се вчитува...