АБА2: МЗТ Скопје и Пелистер походот кон АБА го започнуваат од Златибор

АБА2 лигата која во новата сезона ќе брои 14 клуба од кои два македонски, МЗТ Скопје и Пелистер продолжува со „балоните“ и во сезоната 2021/22. Па така, регуларниот дел од сезоната ќе брои 13 кола кои ќе бидат одиграни во пет различни дела од сезоната.

Првиот од нив ќе биде одржан во Златибор од 10.10 до 14.10 и на него ќе бидат одиграни два натпревари. Следниот ќе се одржи во Осиек од 08.11 до 12.11 со исто така два меча, а на следните три кои ќе бидат одиграни од 13.12 до 19.12 во Сараево, 17.01.2022-23.01.2022 во Бања Лука и 21.03.22-27.03.22 во Широки Бријег ќе бидат одиграни по три средби.

По комплетирање на регуларниот дел од сезоната, првопласирани осум тима продолжуваат во разигрувањето за место во првото по ранг натпреварување на „јадранското“ првенство.

На турнирот во Златибор, МЗТ Скопје ќе се сретне со Младост во првото коло и Рогошка во второто, додека на премиерата во натпреварувањето битолските „зелено-белите“ за противник ќе го имаат Ловќен, а првиот „балон“ ќе биде комплетиран со меч против Сутјеска.

Комплетниот распоред на нашите претставници можете да го видите ТУКА.

Се вчитува...