АБА2: МЗТ Скопје против Златибор за шампионскиот пехар

МЗТ Скопје со самиот пласман во финалето од АБА2 лигата го осигрува враќањето во „елитата“ на регионалната кошарка, но аеродромци денеска од 19 часот против Златибор ги очекува битка за посакуваниот трофеј како круна за успешната сезона на интернационалата сцена.

Во големото финале на „сино-белите“ нема да им биде лесно против незгодниот противиик од Чајетина кој на турнирот во СЦ „Јане Сандански“ влезе како седмопласиран, но забележа победи против второ и третопласираните Хелиос и Борац Бања Лука во четвртфиналето, односно полуфиналето.

Златибор е воедно и еден од трите тима кои го совладаа македонскиот шампион во регуларниот дел од АБА2 првенството, но на тој натпревар „штрковите“ настапија без Војдан Стојановски и Бојан Крстевски. Со поука од тој меч, но и со поддршка од одличната публика која го води МЗТ Скопје во турнир завршницата, аеродромци повторно ја имаат благата фаворитска улога која ќе треба да ја докажат на пеколниот терен.

Клучна за мечот ќе биде одбраната на бековската линија на Златибор која со сочинуваат поранешниот „штрк“ Немања Протиќ и Душан Кутлешиќ, но и искористување на предноста во играта во рекетот против Димитрије Николиќ. За тоа на МЗТ Скопје повторно ќе му биде потребна висока енегерија како на мечот против Широки Бријег.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...