АБА2: Пелистер по задржување на перфекцијата, дали за ТФТ конечно ќе блесне Андерсон?

АБА2 натпреварите за македонските екипи на „балонот“ во Сараево продолжуваат денеска со средби во кои Пелистер ќе бара продолжување на победничката низа, а ТФТ историската победа на регионалната сцена.

Битолчани кои првиот „балон“ на првенството го завршија со перфектен учинок денеска од 15 часот против Широки ќе ја бркаат третата победа во првиот од тритте натпревари во гладниот град на Босна и Херцеговина. За тоа ќе им биде потребна добра одбрана на бекот Башиќ и лимитирање на просторот под рекетот на Иванов и Краљевиќ, но и разигран Сеад Хаџифејзовиќ кој во досегашниот дел од првенството одлично го заменува заминатиот Кесар.

Од 18 часот пак ТФТ ќе ја бара првата победа во првенството во четвртиот обид. „Црно-белите“ беа поразени во првата рунда во Сараево, а сега ги очекува тежок натпревар против фаворизираната Крка кој во воведните кола не знае за пораз.

Во сестраната игра на Словенците, македонскиот претставник ќе мора да биде на врвот на својата задача во одбраната, но и да ги сведе изгубените топки кои засега се најголем проблем на минимум во нападот.

ТФТ се уште го чека вистинскиот учинок на Лахлан Андерсон кој противниците го лимитираа на првите натпревари, а дали ова ќе биде ден на Австралијанецот останува да видиме.

 

Се вчитува...