АБА2: Последни натпревари за МЗТ Скопје и Работнички од регуларниот дел

Македонските претставници во АБА2 лигата, МЗТ Скопје и Работнички денеска го играат својот последен натпревар од регуларниот дел на регионалното првенство, кој вечните ривали ќе го завршат на спортивни делови од табелата.

Аеродромци пред мечот против домаќинот на турнирот, Златибор, кој е закажан со почеток од 13 часот, го осигураа своето место во разигрувањето од првенството, но останува непознато на кое место на табелата ќе завршат „сино-белите“.

Најдоброто можно решение за избраниците на Радуловиќ е пласман на шестата или седмата позиција на табелата со цел избегнување на дуел со Студентски Центар до финалето, но не зависи се од МЗТ Скопје со оглед на тоа што во игра за овие позиции до самиот крај ќе биде и составот на Подгорица која својот последен натпревар го игра од 21 часот.

За разлика од „сино-белите“, Работнички кој во последниот меч ќе се сретне со Слобода Ужице (17 часот) нема шанси да се избори за деветото или десетото место на табелата, а тоа значи дека избраниците на Мираковски ќе очекуваат битка во плејаутот на АБА2.

Македонскиот најтрофеен клуб во моментов се наоѓа на 12. место на табелата со скор од четири победи и осум порази, а и покрај тоа што од местата кои водат кон „комоција“, центарци се „оддалечени“ само една победа, лошиот меѓусебен резултат против Широки (106-77) и Горица (20-0) ќе го смести скопскиот состав на едно од последните четири места и покрај победа против денешниот противник.

На вечните ривали им следува густ распоред во кој покрај АБА2 средбите ќе треба да одиграат и десет заостнати натпревари во домашното првенство.

Се вчитува...