АБА2: Работнички во важен натпревар против директен конкурент за разигрувањето

Со убедливата победа над Сутјеска во претходниот натпревар на „балонот“ во Сараево, Работнички остана во игра за место кое води во разигрувањето на АБА2 лигата, но пред македонскиот најтрофеен клуб е нов важен натпревар против Широки од 12 часот, кој е директен противник за остварување на целта.

Избраниците на Мираковски го покажаа својот квалитет на мечот против Црногорците, а до израз дојдоа и новите засилувања кои го покажаа искуството од константното играње во регионалното првенство. Но „црвено-белите“ и покрај фаворитската улога мораат да бидат на врвот на својата задача доколку сакаат да триумфираат и против составот од Босна и Херцеговина.

Работнички моментално се наоѓа на 12. место на табелата со скор од три победи и шест порази, два триумфа зад осмото место на табелата, па победата е повеќе од потреба за покомотна ситуација пред последниот „балон“ на лигата, кој ќе биде одигран во Златибор на крајот на месецот.

Се вчитува...