АБА2: ТФТ и Пелистер ќе си ги одмерат силите во Златибор

Македонската кошарка во новата сезона повторно ќе има два претставници во АБА2 лигата, ТФТ и Пелистер со што скопскиот тим ќе дебитира и ќе стане петтиот наш клуб кој настапил во првенството, додека битолчани втора сезона по ред ќе водат битки со регионалните екипи.

Натпреварувањето повторно ќе биде во „балони“, а првиот од нив ќе се одржи од 17. до 21. октромви во Златибор со тоа што ќе бидат одиграни две кола. Ждрепката на првенството одлучи македонските состави да си ги одмерат силите во првото коло, натпревар кој ќе биде одигран на 17.10 со почеток од 21 часот.

Во второто коло ТФТ силите ќе ги одмери со Сутјеска на 19.10 од 18 часот, а Пелистер во истиот ден ќе се сретне со Шенчур од 21 часот.

Се вчитува...