АБА2: ТФТ во Сараево по историска победа, Пелистер за задржување на перфектниот учинок

Натпреварувањата за македонските претставници во АБА2 лигата, ТФТ и Пелистер продолжуваат со вториот „балон“ на регионалното првенство кој ќе биде одигран од 21. до 27. ноември во главниот град на Босна и Херцеговина. Во Сараево, ТФТ ќе ја бара историската победа во силното натпреварување, а Пелситер ќе цели кон задржување на перфектниот учинок.

Први натпреварувањето го започнуваат „црно-белите“ кои денеска од 21 часот силите ќе си ги одмерат со актуелниот шампион Златибор, а избраниците на Боро Смилковски до крајот ги очекуваат и средби против Крка (23.11) и Слога (25.11).

Пелистер првиот натпревар во Босна и Херцеговина ќе го одигра во среда (23.11) и за противник во 3. коло ќе ја има екипата на Широки, а до крајот избраниците на Марјан Илиевски ќе се сретнат уште со Осијек (25.11) и Горица (27.11).

Се вчитува...