Лука Абало најави дека летово ќе ја заврши кариерата со настап на ОИ во Токио, но десното крило на ПСЖ би можел да настапува уште една сезона доколку се случи сезоната во Франција да биде целосно откажана. Моментно сите настани во францускиот ракомет се одложени најмалку до 22 април, а 35-годишниот Абало не сака да дозволи неговата кариера да заврши со коронавирус и откажување на сезоната.
„Сериозно размислувам да ја сменам одлуката за крај на кариерата. Не сакам да дозволам крајот да биде ваков, да престанам да играм со откажана сезона поради оваа болест. Има уште време, ќе видиме што ќе се случи во следните три месеци. Но, доколку сезонава се откаже, мислам дека ќе играм уште една година, една цела сезона. За нас е лесно, кога ќе ни кажат да играме ќе се вратиме на терен и ќе играме ракомет, но главниот удар ќе биде врз економијата и здравството“, изјави Абало.
Останува да се види дали тој и во следната сезона ќе го носи дресот на ПСЖ, ако се знае дека „светците“ веќе го договорија доаѓањето на неговиот наследник, шпанскиот репрезентативец Феран Соле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА