Абдурахими стрелаше за Партизани, за надеж за европски излез

Поранешниот македонски репрезентативец Бесарт Абдурахими погоди во исклучително значаен момент за албанскиот прволигаш Партизани кој се бори за излез на европската сцена следната сезона.

Абдурахими стрелаше во победата од 1-2 на Партизани на гостувањето против Фљамуртари со која тимот на македонскиот офанзивец ги зачува шансите пред последното коло за стигнување до третата или четвртата позиција во албанската Прва лига кои носат во квалификациите за Лигата на Европа.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...