Абе нели беа слаби: Макула не знаеше што го снајде во Скопје (фото)

Фленсбург допатува со улога на фаворит на дуелот против Вардар, но германскиот вицепрвак и на третото гостување во Скопје не ја почувствува сласта на победата над „црвено-црните“.

Тренерот Мајк Макула не ги криеше фрустрациите за време на мечот, свесен дека неговите ракометари ја губат битката на теренот, но и тој претрпе пораз во тактичкото надмудрување со Стевче Алушовски.

Врвниот стратег вечерва немаше одговор за тактиката на „вардарци“, како да очекуваше далеку послаб противник од црвено-црните асови кои се појавија на теренот и заслужено на крајот се радуваа на победата.

Се вчитува...