„Абердин не сака да го продаде Миовски, но…“

Македонскито фудбалски репрезентативец Бојан Миовски сезонава е е еден од најдобрите фудбалери во шкотскиот шампионат.

Неговите одлични игри го доведоа на радарот на шкотскиот великани Селтик и Ренџерс, а околу иднинаната на кариерата на Македонецот говореше и  еден од првите оперативци на Абердин, Алан Буровс.

„Не се брзаме да продаваме. Не можам да дадам гаранции, бидејќи не знам што би понудиле другите клубови. Но, ние сакаме Бојан да остане тука. Абердин е тим кој продава, меѓутоа само во вистинското време за клубот и играчот. Миовски демонстрира оваа и минатата сезона дека е напаѓач со врвен квалитет. Немам сомнеж дека тој ќе има фантастична кариера на највисокото ниво. Покажа дека има квалитет да игра во најсилните пет лиги во Европа и мислам дека неговата вредност ќе се види кога ќе го продадеме“, изјави Буровс.

Се вчитува...