Абердин силно притиска за Миовски: „Импресионирани сме од Македонецот!“

Шкотски Абердин е силно загреан за ангажман на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

Менаџерот на четирикратниот шкотски шампион и поранешен победник во Купот на европските купи, Џим Гудвин во изјава за британските медиуми не крие дека е импресиониран од Миовски и сака по секоја цена да го доведе во своите редови.

Миовски ова лето ќе мора да го напушти унгарски МТК кој се пресели во Втората лига. За неговите услуги силен интерес има и од клубови од Белгија, Полска, Унгарија…, но Абердин како никој друг е загреан за македонскиот офанзивец.

„Нема што да кријам импресиониран сум од Бојан Миовски и Тобијас Лауритсен кои сакаме да не засилат. Точно знаеме што сакаме, но се надевам дека во следните неколку денови ќе го донесеме конечниот збор и ќе ја завршиме работата. Ние секогаш сакаме специфични фудбалери кои ќе одговорат на специфични позиции“ – вели Гудвин во изјава за шкотските медиуми.

Абердин, заедно со Селтик и Глазгов Ренџерс, е најдобриот клуб во Шкотска. Во 80-те години од минатиот век под палката на сер Алекс Фергусон освои три титули шампион на Шкотска, еден КПК и еден европски Суперкуп.

Се вчитува...