Абрахам го „пецна“ Челси: Од Мурињо научив повеќе за месец дена отколку во целата кариера

Тами Абрахам ова лето оствари трансфер од редовите на Челси во Рома за 40 милиони евра и се приклучи на четата на легендарниот тренер Жозе Мурињо. Англискиот напаѓач кој во редовите на „сините“ не беше во план, во главниот град на Италија повторно ја пронајде неговата форма постигнувајќи четири гола во десет натпревари.

Говорејќи за италијанските медиуми 24-годишникот го „пецна“ својот поранешен клуб велејќи дека за еден месец поминат во Рим од Мурињо научил повеќе отколку во целата кариера.

„Имав многу опции, зборев со многу клубови, а тогаш се појави Жозе. Тој имаше јасен план. Сфатив што сака да направи со Рома и посакав да бидам дел од тој процес. Ми даде доверба и тој е една од причините поради која преминав во Рома. Кога првиот пат ме побара ме праша дали сакам да уживам во сонцето или да останам на дождот. Се насмеав. Прво сакав да останам во Англија, но ја одбрав Италија и среќен сум поради тоа. За еден месец со Мурињо научив повеќе отколку во целата кариера. Тоа е добро. Морате да впивате совети од различни тренери“, изјави Абрахам.

Добрата форма на Англичанецот му донесе и повик за настап во репрезентацијата за престојните дуели на „гордиот албион“ во квалификациите за Светското првенство 2022.

Се вчитува...