Абрамович донесе одлука – Конте добива отказ!

Таков е тренерскиот занает, само една година откако беше оценет како генијалец по освојувањето на шампионската титула, Антонио Конте ќе добие отказ од функцијата шеф на стручниот штаб на Челси. Телевизијата „Беин Спортс“ тврди дека одлуката е веќе донесена, а газдата Роман Абрамович ќе му ја соопшти истата на Конте во следните 24 часа.

Дел од медиумите најавуваа дека освоениот трофеј во ФА Купот на Англија може да го спаси Конте, но раководството на Челси сепак донело одлука дека е дојдено време за нова тренерска смена. Причина е незадоволството на дел од главните ѕвезди во тимот, предводени од Азар и Вилијан, кои најавиле дека ќе бараат трансфери доколку овој стратег остане на клупата.

Во ситуација кога и Мората и Батшуаи исто така се незадоволни од тренерот, како и дел од дефанзивците, а за заминување говореше и голманот Куртоа, јасно е зошто „сините“ на крајот пресекоа против тренерот.

Главен фаворит за наследник на Конте е неговиот сонародник Маурицио Сари, кој се наоѓа пред заминување од Наполи откако и по две рунди разговори се уште е далеку за смирување на страстите со претседателот Де Лаурентис.

Се вчитува...