Абрамович го продава Челси

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович, е подготвен да го продаде клубот. По 15 години, рускиот тајкун сериозно размислува да се повлече од инвестирањето во клубот од „Стемфорд бриџ“. Како што информираат британските медиуми, тој ангажирал њујоршка банка да ја процени вредноста, и неофицијално таа изнесува околу 2,2 милијарди евра.

Русинот по мајските санкции од Велика Британија одлучи да се откаже од посакуваното проширување на стадионот „Стемфорд бриџ“, кое требаше да чини околу 550 милиони евра. Покрај тоа, Челси во оваа сезона нема да биде дел од Лигата на шампионите. Финансиската моќ на клубот ќе биде значително ослабена, со оглед дека „сините“ две од последните три години нема да бидат дел од најпрестижното европско клупско натпреварување. Проблематична е состојбата и со Еден Азар, најдобриот играч на тимот, кој сака да си замине и да се пресели во Реал Мадрид.

Челси под раководство на Роман Абрамович за 15 години освои исто толку трофеи, шест пати беше првак на Англија, а во 2012 година стана првиот лондонски клуб што ја освоил Лигата на шампионите.

Се вчитува...