Абрамович го сака Алегри за нов „командант“ на „Стемфорд бриџ“

Челси е многу далеку од одбрана на шампионската титула во Премиер – лигата, а тоа најверојатно ќе значи и крај за Антонио Конте на кормилото на клубот од „Стемфорд бриџ“ по завршувањето на оваа сезона. А газдата Роман Абрамович, како што тврди „Кориере дело спорт“, повторно посакува Италијанец на клупата. Изборот е Масимилијано Алегри, сегашниот стратег на италијанскиот првак Јувентус.

Рускиот тајкун е подготвен да му даде 10 милиони фунти на Алегри за да го преземе Челси, а со себе веројатно ќе доведе и уште најмалку двајца фудбалери. Според плановите на Абрамович, тоа треба да бидат Џорџо Кјелини и Пауло Дибала.

Се вчитува...