Абрамович ја има формулата за финале во ЛШ (ФОТО)

Челси ќе го предизвика Манчестер Сити во финалето од Лигата на шампионите откако вечерва славеше со 2-0 против Реал Мадрид.

Роман Абрамович очигледно ја има формулата за финале во елитното натпреварување. Тој пред почетокот на нок-аут фазата одлучи да се раздели со Френк Лампард и да го постави Томас Тухел за нов менаџер што се покажа како полн погодок.

Сепак, ова не е првпат Русинот да се одлучи за вакво нешто и да не погреши. Во сезоната 2007/08 тој го замени Жозе Мурињо со Аврам Грант, а Челси стигна до финалето каде по пенали беше поразен од Манчестер Јунајтед.

Слично се случи и во сезоната 2011/2012 кога Ди Матео го замени Андре Вилјаш Боаш пред реваншот од осминафиналето против Наполи.

 

Се вчитува...