Абрамович ја одби понудата од најбогатиот Британец за купување на Челси

Најбогатиот Британец, Џим Ретклиф, испратил официјална понуда до рускиот газда Роман Абрамович за купување на англискиот премиерлигаш Челси. Но, Абрамович глатко ја одбил оваа понуда, истакнувајќи дека нема намера да го продава клубот во брзо време. Џим Ретклиф е милијардер, прв човек на петрохемискиот гигант „Инеос“, но и голем фан и сопственик на сезонски ВИП билет за натпреварите на Челси на „Стемфорд бриџ“.

Засега нема информација каква сума понудил Ретклиф за откупување на мнозинскиот пакет акции на Челси, но ова е втор обид за лупување на клубот откако Роман Абрамович има проблеми со британската виза. Претходно, и кинески конзорциум се обидел да го купи клубот од „Стемфорд бриџ“.

Се вчитува...