Абрамович одлучи, Челси го враќа Азар

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович, разгледува различни опции за засилување на ростерот за да може неговиот клуб да ја задржи лидерската позиција во Европа. Една од приоритетните опции за рускиот олигарх е враќањето на Еден Азар од Реал.

Челси е подготвен да плати 50 милиони евра за Азар. Реал Мадрид не смета на него, па затоа е подготвен да го разгледа секој предлог кој ќе стигне за него. Сепак, Флорентино Перез бара најмалку 60 милиони евра за Белгиецот, сума за која Челси и Реал ќе мора да се натегаат.

Азар се пресели во Реал летото 2019 година за 115 милиони евра. Пред тоа седум години ги бранеше боите на „сините“.

Се вчитува...