Абрамович останува сопственик на Челси

Рускиот тајкун Роман Абрамович не го продава Челси, велат од клубот. Реакцијата доаѓа откако вчера во дел од британските медиуми имаше тврдење дека директорите на клубот повикале советници за проценка од позната американска банка. Според информациите, Абрамович нема план да го продаде лондонскиот клуб и засега се останува на овие позиции.

Во јуни годинава Абрамович ја одби понудата од две милијарди фунти за Челси од најбогатиот Британец, Џим Ретклиф. Сепак, Русинот имаше проблеми со британската  виза, мораше да земе израелско државјанство, а потоа ги откажа плановите и за реконструкција на „Стемфорд Бриџ“.

Роман Абрамович го купи Челси во 2003 година и во овој период клубот ги има најголемите успеси во неговата историја. Освои пет премиерлигашки титули, пет трофеи во ФА купот, а во 2012 година триумфираше во Лигата на шампионите.

 

 

 

Се вчитува...