Абринес не мрда од Барселона (ФОТО)

Алекс Абринес нема да ја промени средината ни во следните пет години откако Шпанецот потпиша нов договор со каталонците со важност до 2026 година. Со овој потег Барселона започна своевидна револуција во европската кошарка бидејќи ваквите долгогодишни договори се реткост на „стариот континент“.

Абринес беше дел од Барселона од 2012 до 2016 година по што замина во НБА лигата каде ги бранеше боите на Оклахома, а по тригодишната епоха во САД, 27-годишникот се врати во редовите на каталонците. Претходната сезона Абринес во Евролигата постигнуваше просек од 6.1 поен по натпревар со 44% реализација за два и 42% реализација за три поени.

Се вчитува...