Абутовиќ кажа збогум: Те сакам, Македонијо…. засекогаш во моето срце

Илија Абутовиќ и официјално ја заврши својата авантура во македонскиот ракомет, одличниот дефанзивец беше дел од шампионската генерација на Вардар во ЛШ, а во последните две сезони со успех ги бранеше и боите на Е. Пелистер, тим со кој стигна и до една титула во македонската Супер-лига.

Битолчани веќе го испратија српскиот ветеран со пригоден подарок и аплауз од верните навивачи, а Абутовиќ (кој кариерата ја продолжува во Партизан под водство на Раул Гонзалес) преку својот профил на социјалните мрежи се заблагодари јавно на сите во битолската, но и севкупно во македонската јавност за поддршката што ја добиваше додека настапуваше во нашата земја.

„Благодарам Пелистер и Битола на овие две години. Благодарам за новите искуства, новите познанства и најмногу за новите пријателства. Честитки за Вардар за освоената титула, честитки за Охрид за истирискиот европски трофеј. Те сакам Македонијо. И ти благодарам за сите години што ги поминав тука и за сите работи шти го доживеав како спортист и како човек. Засекогаш ќе бидеш во моето срце“, напиша Абутовиќ.

Се вчитува...