Адана го потврди трансферот на Манев од Брегалница

Македонскиот дефанзивец Јован Манев ќе ја продолжи кариерата во турското првенство, откако Адана денеска и официјално го потврди трансферот на младинскиот репрезентативец.

Манев беше еден од најдобрите фудбалери на Брегалница минатата сезона, а настапите за штипскиот тим, заедно со оние за младинската репрезентација на Македонија придонесоа тој да добие неколку интересни понуди, од кои ја избра онаа на Адана. Како што веќе информиравме, висината на отштетата што ќе ја заработи Брегалница може да достигне и до 500.000 евра.

По денешната официјализација, се очекува Манев што поскоро да се приклучи на подготовките на новиот клуб, каде ќе ја има и официјалната промоција и прес-конференција како нов член на Аданаспор.

Се вчитува...