Адејеми го „нокаутираше“ Челси, Бенфика со една нога во 1/4 финале (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд во пресметката со Челси се стекна со предност од 1-0 на домашен терен, кои ќе ги брани на гостувањето во Лондон против скапиот лондонски тим.

Интересна битка водеа двата тима, а кога се чинеше дека „сините“ се поблиску до водство, Борусија воспостави рамнотежа, и по еден противнапад во 63. минута дојде до водство и практично го казни Челси за нереализираните шанси. Адејеми доби една топка на средината на теренот од Гереро, претрча до голот, го мина Енцо Фернандез, потоа и Кепа и стрелаше во празната мрежа.

Во продолжението од мечот Челси беше блиску до израмнување, но Кобел не дозволи Англичаните да дојдат до израмнување, и така Борусија слави голем триумф, но патникот во следната фаза ќе се решава во Лондон.

Бенфика благодарение на двата гола во вториот дел, се стекна со одлична предност во дуелот со Бриж, и на домашен терен треба само да ја доврши работата за пласман меѓу најдобрите осум. Победата на Бенфика ја најави Жоао Марио во 51. минута, за Нереш во 88. минута да стави печат на победата на тимот од Лисабон кој е блиску да продолжи во следната фаза.

Се вчитува...