Адејеми одбил нов договор од Дортмунд, следна станица е Англија

Карим Адејеми би можел да ја напушти Борусија Дортмунд следната година. Германскиот репрезентативец упорно одбива да преговара со Борусија Дортмунд, која инсистира на продолжување на соработката дури и по истекот на договорот во летото 2027 година. 

Германецот влегува во последната година од договорот на лето и Борусија ќе биде принудена да го продаде доколку не потпише нов, а засега се чини дека разделбата е најреална опција.

Интер одамна го контактираше Германецот, но Адејеми размислува за Премиер лигата, што е негов апсолутен приоритет. 

Тој е застапуван од Жорж Мендеш, кој е во контакт со други клубови долго време, па затоа е јасно дека тој е идеалниот човек и дека треба да му се најде идеалниот тим.

Адејеми има 23 години, тој пристигна во Дортмунд од Салцбург во летото 2022 година за 30 милиони евра. Досега одигра 121 натпревар, со учинок од 29 гола и 22 асистенции. 

Се вчитува...