Во Македонскиот фудбалски шампионат, викендов ја се игра десеттата етапа, а во неа како еден од поинтересните дуели може да се нотира оној кој што денеска ќе се одигра на Арената Тодор Проески во Скопје, со почеток од 14:30 часот.
Домаќинот Работнички ќе го пречека тимот на Македонија ЃП . Гостите во Градски парк пристигнуваат по киксот во Куп пресметката против Струга Трим Лум. Како тој дуел влијаеше врз „Лавовите“ ќе ни долови играчот за врска Али Адем.
„Мечот против Струга во Купот можам да го опишам во само два збора дека тоа беше само еден лош ден. Нема што тука премногу да се коментира. Вртиме нов лист, време е за меч против Работнички. Тим кој што гарантирам дека има далеку подобра екипа од она што во моментов тоа местото на табелата го покажува. На Арената секој сака да игра. Убав терен, услови како што секој посакува. Три бода мислам дека се логичен исход за нас. Не би бил искрен ако кажам дека ќе сум задоволен со помалку верувајте. Само треба да ги исполниме зададените задачи, да одиграме на нивото кое што и тоа како знаеме да го постигнеме. Да наметнеме наша игра, и мислам дека се ќе биде во ред. Со три бода да се вратиме среќни во Ѓорче Петров и да продолжиме понатаму во шампионатот“ – изјави Али Адем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

