Адеми асистира, Динамо ја растура Аталанта

Аријан Адеми и целокупниот тим на Динамо Загреб играат феноменално на камбекот во Лигата на шампионите, откако хрватскиот првак по првите 45 минути игра веќе води со 3-0 против Аталанта.

Италијанскиот прволигаш е шокиран на „Максимир“, најпрвин погоди Леовац, на 2-0 зголеми Оршиќ, а третиот погодок беше дело исто така на Оршиќ, по извонредното додавање на Адеми.

Се вчитува...