Адеми: Австрија многу лесно доаѓаше до нашиот гол

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа дебакл (1-4) од Австрија и со играта тотално ги разочара навивачите. Аријан Адеми вели дека Австрија многу лесно доаѓаше до неговиот гол.

„Мора да ги кренеме главите, да се собереме, ова е тежок пораз.  Тие премногу лесно доаѓаа до голот. Тоа ќе треба селекторот добро да го анализира. Треба да види што се случуваше и да се отстранат недостатоците. Знаевме дека Австрија е потежок противник, кога го гледавме натпреварот со Полска, веднаш ни стана јасно дека Австрија е многу посилна екипа.  Можеме да се консолидираме, има уште време и многу натпревари“, изјави Аријан Адеми.

 

 

Се вчитува...