Адеми до 19-ти трофеј во кариерата: „Се ежам кога ќе видам дека сум најтрофеен фудбалер во историјата на Динамо!“

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми со освојувањето на „двојната круна“ во хрватскиот шампионат вчера стигна до 19-от трофеј во својата кариера. Убедливо најтрофеен фудбалер во историјата на Динамо Загреб, момент кои и тоа како носи огромно задоволство за беспрекорниот борец.

Адеми до 19 титули со „модрите“ стигна за нешто повеќе од осум сезони, ако се знае дека две сезони не настапуваше поради допинг-суспензијата. Од 19 трофеи, десет се шампионски, шест во Купот на Хрватска и три во Суперкупот на Хрватска.

„Навистина се ежам кога ќе помислам дека сум најтрофејниот фудбалер во историјата на Динамо Загреб. Кога доаѓав во Динамо во 2010 година воопшто не размислував на вакво нешто. Ако некој ми кажеше дека ќе успеам да дојдам до ова ќе му кажев дека е луд. За мене е чест што влегувам во друштво на такви легенди кои играле за Динамо. Морници ме лазат на помислата дека покрај едни такви величини кои играле во клубот, јас сум најтрофејниот“ – истакна Адеми по вчерашното освојување на Купот на Хрватска.

Се вчитува...