Адеми: Добро е што Динамо некако стигна до титулата, сега сакаме освојување на Купот

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми не го криеше разочарувањето и по вчерашниот пораз на Динамо Загреб со 1-0 од Рудеш. Но, за Адеми сепак најважно е што Динамо некако, и покрај огромната криза во која западна на крајот од шампионатот, стигна до шампионската титула…

„Секој пораз боли, така и овој од Рудеш. Жал ми е за навивачите, жал ми е за луѓето во клубот, жал ми е за тренерот Јурчевиќ, но навистина не знаеме што ние. Сега имавме добар пристап на мечот, но ете Господ не казни со пораз поради онаа ноншалантност на претходните два натпревари. Секако, во овој момент е најважно е што титулата во нашите витрини“ – истакна Адеми, притоа дополнувајќи дека „модрите“ сега ја посакуваат и титулата во Купот на Хрватска.

„Мора да се соземеме и против Хајдук во финалето од Купот да стигнеме до трофејот. Мора на тој меч да носиме со нас далеку поголема желба за успех, мора да го оправдаме фактот дека на дресот го носиме грбот на Динамо. Ја сакаме двојната круна оваа сезона“ – вели Адеми.

Се вчитува...