Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми синоќа на гостувањето против Бодо Глимт во Норвешка во плеј-оф рундата од квалификациите за Лигата на шампионите го одигра својот јубилеен 350 натпревар во дресот на Динамо Загреб.
Маестралниот капитен на Динамо веќе се запишува со златни букви во историјата на „модрите“ од Загреб, издвојувајќи се како симбол и на Загреб и на Хрватска, но и гордост на Македонија и македонскиот фудбал.
Феноменална е статистиката зад името на Аријан кој има во 12 години во Динамо Загреб, со тие 350 натпревари, има 21 освоен трофеј, 39 постигнати гола, 11 пати настапи во групната фаза од натпреварувањата на УЕФА, три пати европска пролет со Динамо Загреб и едно четвртфинале од Лигата на Европа.
Сето тоа и тоа како доволно и Динамо Загреб официјално преку социјалните мрежи да му се заблагодари за досегашниот ефект за клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА