Адеми го пропушти и официјалниот тренинг, другите на готовс за Полска (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Варшава,

Владимир Булатовиќ

Аријан Адеми не истрча со соиграчите на официјалниот тренинг на македонскиот национален тим на супер-луксузниот Национален стадион во Варшава, каде утревечер избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе играат против лидерот во квалификациската група, селекцијата на Полска. Тој се уште има последици од мечот со Словенија и отокот што се појави на стапалото. Но, лекарскиот тим сепак уверува дека ќе биде подготвен за настап на утрешниот меч.

Сите други се во строј, предводени од капитенот Горан Пандев, максимално мотивирани да покажат што знаат и против Полјаците. Атмосферата е одлична, условите на Националниот стадион во Варшава се идеални, па ниту 50.000 фанови нема да ги исплашат нашите репрезентативци во желбата да освојат бод(ови) и против најголемиот фаворит. Во Скопје, Полска и не беше така идеална, иако извлече победа.

 

Се вчитува...