Адеми го стивна „Пољуд“, Динамо Загреб славеше во вечното хрватско дерби

Динамо Загреб дојде на „Пољуд“ и го совлада големиот ривал Хајдук Сплит со 0-2. Стрелец на вториот гол за „модрите“ беше македонскиот репрезентативец Аријан Адеми. Тој убаво се снајде во противничкиот шеснаесетник во 75.минута и ја затресе мрежата на „билите“, потврдувајќи го триумфот.

Динамо Загреб поведе со голот на Дамиан Кадзиор во 47.минута. Сега составот на Ненад Бјелица има огромни 17 бода предност на врвот на табелата во хрватскиот шампионат.

Се вчитува...