Адеми и Динамо со лесна задача во плеј-офот за ЛШ, Ц. Звезда против Олимпијакос

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми и Динамо Загреб имаа среќна ждрепка за плеј-оф колото од квалификациите кое ќе значи и пласман во групите од Лигата на шампионите.

Доколку во 3. квалификациско коло Динамо Загреб го мине Ференцварош, тогаш во четвртата, плеј-оф, рунда ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу Карабах и Молде.

Црвена Звезда, пак, ако во третото коло ја победи кипарска Омонија, тогаш ќе гостува во Атина на Олимпијакос во обидот да се избори за групна фаза од Лигата на шампионите.

ДВОЈКИ – КВАЛИФИКАЦИИ ЛШ (ПЛЕЈ-ОФ)

Карабах/ Молде – Динамо Загреб/ Ференцварош

Олимпијакос – Црвена Звезда/ Омонија

Салцбург – Макаби Тел Авив/ Динамо Брест

Славија Прага – Јанг Бојс/ Митјиланд

Се вчитува...