Адеми и Динамо Загреб елиминирани од ЛШ

Хрватскиот првак Динамо Загреб доживеа елиминација во квалификациите за Лигата на шампионите откако загуби од Ференцварош во Будимпешта со 2-1. Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го одигра целиот меч, но „модрите“ не успеаја да стигнат до плејофот во елитното европско натпреварување. Ќе продолжат во плејофот од Лигата на Европа.

Ловренчич во втората минута го доведе Ференцварош во водство, а Динамо Загреб израмни со автоголот на Мирто Узуни во 23.минута. Сепак, напаѓачот Узуни ја исправи грешката во 65.минута кога го постигна победничкиот погодок за Ференцварош на овој меч.

Макаби Тел Авив исто така е патник во плејофот за влез во групната фаза во ЛШ, откако на домашен терен го совлада Динамо Брест со 1-0, со голот на Ден Битон од пенал.

Се вчитува...