Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми со својот Динамо Загреб ја осигура титулата во Првата хрватска фудбалска лига, откако во 30. коло го совлада Славен Белупо на гостински терен со 0-1. Стрелец на голот за победа беше Амер Гојак во 48. минута.
Со победата „модрите“ од Загреб имаат сега 23 бода предност во однос на второпласираната Ријека, со што и математички ја осигураа јубилејната 20-та титула во историјата на тимот, која веќе од поодамна беше се насетуваше.
Тренерот на Динамо, Ненад Бјелица одлучи да го поштеди македонскиот интернационалец на денешниот дуел. Адеми оваа година и претходно имаше проблеми со повреда поради што не беше на располагање на селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски на квалификациските мечеви против Летонија и Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА