Адеми и Ристовски го елиминираа Лудогорец, за плеј-оф против Бодо/Глимт во ЛШ

Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе играат во плеј-оф рундата од квалификациите за Лигата на шампионите, откако и на реваншот од 3. квалификациско коло славеа против бугарскиот шампион Лудогорец.

По триумфот од 1-2 на првиот меч во Разград, Динамо славеше и вечерва во Загреб со убедливи 4-2.

Во меч во кој Бугарите заработија дури три црвени картони, Ристовски го одигра само првото полувреме за домашните, а Адеми го одигра целиот натпревар за хрватскиот шампион.

Во плеј-оф колото за место во групната фаза од Лигата на шампионите, Динамо Загреб ќе се соочи со норвешкиот Бодо/ Глимт.

Се вчитува...