Динамо Загреб на нашите репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, го освои Супер-Купот на Хрватска, и на најдобар можен начин ја започна сезоната.
Динамо вечерва на пенали го совлдаа составот на Хајдук во финалето одиграно на „Максимир“ со 4-1.
Аријан Адеми беше стартер и играше до 78. минута кога излезе повреден, додека Стефан Ристовски остана на клупата и не доби шанса за настап во финалето. На другата страна на клупата остана и Јани Атанасов.
Динамо идната недела го чека почеток на сезоната во Хрватска, а потоа и натпревар во 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите, најверојатно со екипата на Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА