Адеми и Ристовски со шампионската титула во Хрватска!

Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски осигураа со Динамо Загреб нова шампионска титула на едно коло пред крајот на шампионатот во Хрватска.

Во претпоследното коло од првенството Динамо Загреб триумфираше на гостувањето против Шибеник со 0-2, па со четири бода предност во однос на второпласираниот Хајдук веќе е промовиран во старо-нов шампион на Хрватска.

Стрелци во победата на „модрите“ беа Толиќ и Бочкај. Адеми и Ристовски го одиграа целиот натпревар за Динамо Загреб.

Се вчитува...