Адеми: Играме еден поинаков натпревар – и, ќе победиме!

Македонскиот репрезентативец како и останатите хрватски државјани главно во домашна атмосфера ги минува деновите на превентива од коронавирусот кој агресивно се шири на европскиот континент.

Во акцијата на „Спортске новости“ Адеми е еден од оние кои ги повикува хрватските граѓани и сите навивачи на Динамо Загреб, но и оние во Македонија, да останат во своите домови како начин за што побрзо справување со кризата.

„Спортот не замрен, спортот не е болен, спортот не е исчезнат…, само играме еден поинаков натпревар по кој на крајот сите ние ќе бидеме победници“ – порачува Адеми и останатите хрватски спортисти.

Се вчитува...