Адеми им одговори на навивачите за свирежите: Добро размислите дали сте во право, па ние четири месеци немаме пораз!

Динамо Загреб го елиминираше бугарскиот Лудогорец со две победа и вкупна гол разлика од 6-3, па си обезбеди плеј-оф рунда против норвешкиот Бодо Глимт за место во групната фаза од Лигата на шампионите.

Но, навивачите на Динамо беа незадоволни од синоќешното издание на „модрите“ во Загреб, и покрај победата од 4-2, испраќајќи ги играчите во добар дел од мечот со свирежи а барајќи и оставка од тренерот Анте Чачиќ.

Ден по мечот, на сето тоа со одговор македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо, Аријан Адеми. Секогаш максимално скромниот и коректен Адеми, едноставно не можеше а да не им одговори на навивачите дека не се во право кога на таков начин го испраќаат тимот кој е на прагот на групите од ЛШ.

„Бевме многу подобар тим од Лудогорец, имавме контролна над мечот и синоќа во Загреб, ги надигравме и со шест гола во два натпревари заслужено одиме понатаму. Ние ја остваривме својата цел и повторно ќе имаме европска есен, направивме голема работа за нас, клубот, државата, навивачите, а некои луѓе можеби не се свесни за тежината на овие успеси. Знаеме дека не чека предизвик есенва, но ние сме Динамо и треба да знаеме да се носиме со притисок, голем број на натпревари, големи очекувања. Сакаме да се избориме за Лигата на шампионите, но и групната фаза од Лига Европа е секако голем предизвик“ – вели Адеми, осврнувајќи се на навивачите.

„Мислам дека не е реално да се очекува совршенство на секој натпревар, секој минута. Јас знам колку ние се одрекуваме од се, се трудиме сите, моите колеги, целиот стручен штаб, доктори, целата екипа околу нас – колку живее за успехот на Динамо. Затоа би сакал да му порачам на секој навивач кој вчера им свиреше на моите соиграчи и тимот, мене или на тренерот, добро да размислат дали се во право. Во ваква ситуација во која се бориме за нешто големо заслужуваме поддршка, а не свирежи. Па ние сме актуелни шампиони, одиме во одбрана на титулата, осигуравме европска есен е играме во битка за Лигата на шампионите, четири месеци не знаеме за пораз… Сите го даваме максимумот, сите сакаме само успеси. Јас сум тука 11 години, блиску до бројот од 350 натпревари и мислам дека секој играч и тренер на Динамо заслужуваат почит и тоа го барам од нашите навивачи, како што ние треба да ги почитуваме нив, нивното одвоено време, емоции и пари кои ги даваат за Динамо Загреб“ – вели Адеми.

Се вчитува...