Адеми избран за играч на полусезоната на Динамо Загреб

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми е избран за играч на вториот дел од сезоната на Динамо Загреб.

Во анкетата спроведена од самиот клуб, Адеми освои 32 отсто од гласовите на навивачите.

Динамо Загреб стигна до нова титула во домашниот шампионат која е рекордна и за македонскиот репрезентативец. Тој со овој трофеј има повеќе од сите останати клубови во хрватското првенство.

На второто место се најде Мислав Оршиќ со 31.5 отсто од гласовите, додека трет заврши Јосип Шутало со 7.1 отсто.

Динамо Загреб сезонава го очекува уште еден натпревар, а тоа е големото дерби против Хајдук, меч кој овој пат нема да има резултатско значење.

 

 

Се вчитува...