Адеми изненаден од „БББ“: Македонскиот репрезентативец откри поради кој потег доби овации од навивачите!

Интересна приказна поврзана со македонскиот репрезентативец Аријан Адеми кој на натпреварот на Динамо Загреб против Славен Белупо во Копривница доби овации при влегувањето во игра од страна на навивачите на клубот „Бед блу бојс“.

Кога можеби верувал дека се доживеал во изминатите повеќе од десет години во дресот на Динамо, уште една ситуација во Копривница која ќе остане засекогаш запаметена. Во 61. минута на дуелот против Славен, Адеми доби овации како никогаш досега…

„Ме изненадија навистина. Најпрво не разбрав дека го скандираат моето име, а потоа бев изненаден кога го разбрав тоа. Па ги поздравив, навистина ме понесоа емоции“ – вели Адеми.

А, директна причина за тоа е потегот на Адеми на дуелот против Вест Хем на европската сцена кога македонскиот репрезентативец ги предупреди Деклајн Рајс и соиграчите дека не смеат да го слават погодоокот провоцирајќи пред Северната трибина на „Максимир“ каде се навивачите на Динамо. Легендарна слика, десет фудбалери на Вест Хем, а Адеми и Стефан Ристовски кој веднаш се придружи до Аријан…

„Да, сигурно тоа е поводот. Но, тоа би го направил секој играч кој би го приметил тоа. За мене тоа е работа на почит. Добро, Рајс е младо момче, и ни се извинуваа на терен и тој и соиграчите. ОК. Подобри сте, не победивте и бидете среќни и славите со своите навивачи, тоа е тоа кое му го порачав. Повторувам, секој би го направил истото, нормално без омаловажување, караници или останати работи на терен“ – вели Адеми.

Аријан сега треба да биде дел од октомврискиот собир на македонската репрезентација на дуелите против Лихтенштајн и Германија. По повредата се чувствува подготвен да помогне…

„Се уште дозирам, затоа што повеќе од 40 денови не тренирав поради повреда. Треба да се биде внимателен за да не дојде до други повреди, а ќе видиме дали сум подготвен. Се надевам дека можам. Може да внимавам на тренинзи, но никогаш на натпревар. На натпревар мора да се даде максимум“ – истакнува македонскиот репрезентативец.

Се вчитува...