Адеми ја пропушта Естонија, заедно со Муслиу и со Бејтулаи

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска патува за Талин, каде утре ќе го одигра мечот од тековниот циклус во Лигата на нации против Естонија. Националниот тим нема да биде комплетен. Поради повреди ќе отсуствуваат Аријан Адеми и Егзон Бејтулаи, а Висар Муслиу е казнет поради црвениот картон заработен во Грузија. Нема да патува ниту Кристијан Тошевски кој исто така е повреден.

На повреда се пожали и Стефан Ристовски, но тој ќе биде меѓу патниците и лекарскиот тим ќе се обиде да го рехабилитира.

Селекторот Игор Ангеловски ќе мора да реновира дел од тимот за настапот во Талин.

По пристигнувањето, вечерва македонската репрезентација ќе го има и официјалниот тренинг во Естонија во пресрет на утрешниот меч (18 часот).

Се вчитува...