Адеми ќе биде „фит“ за Македонија

Аријан Адеми ги надмина проблемите со незгодната повреда на мускулот и би требало да биде максимално подготвен за септемвриските квалификациски средби на македонската репрезентација. Ова сигурно е одлична вест за новиот селектор Благоја Милевски, кој на воведната прес-конференција

Капитенот на Динамо Загреб се повреди во квалификациите за ЛШ, за момент му се предвидуваше и подолга пауза, но последние информации се охрабрувачки и за Адеми и за нашиот национален тим. Имено, македонскиот интернационалец веќе почнал со тренинзи и се чувствува одлично, па наскоро ќе може да се врати на терените. Тој ќе патува за Варшава за да им даде поддршка на своите соиграчи на реваншот против Легија, но хрватските медиуми најавуваат дека Адеми веќе во следната европска рунда ќе може да го предводи тимот на Динамо.

Тие средби ќе се играат петнаесетина дена пред септемвриските квалификации, така што доколку нема малерозно обновување на повредата, Адеми ќе може да настапи за Македонија во продолжението од овој циклус. Нашиот национален тим има две победи во првите три кола, со што има можност со триумф на домашен терен над Ерменија да се искачи и на првото место во групата. По тој меч, избраниците на Милевски ги очекува гостување против Исланд, па веднаш потоа и домашен натпревар со Романија.

Се вчитува...