Адеми ќе конкурира за вториот меч против Летонија

Капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, ќе биде дел од националниот тим и покрај повредата што ја заработи на дербито против Хајдук во хрватскиот шампионат. Тој доби дозвола од лекарите за да му се стави на располагање на селекторот Игор Ангеловски, а најверојатно ќе биде подготвен за настап на вториот меч од квалификациката мини-турнеја против Летонија во Рига.

Македонскиот национален тим денеска го имаше првиот собир во хотелот „Парк“, ќе одработи попладневен тренинг на комплексот на ФФМ, а утре заминува за Израел. Селекцијата ќе се комплетира директно во Ашдод, каде ќе се приклучат капитенот Горан Пандев, Александар Трајковски, Иван Тричковски, Илија Несторовски и голманот Столе Димитриевски.

Се вчитува...