Адеми ќе мора да го пропушти и мечот против Шахтјор во ЛШ

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми најверојатно ќе мора да го прекоскне и натпреварот на Динамо Загреб против украински Шахтјор во Лигата на шампионите следната недела.

Адеми заработи повреда на квалификацискиот натпревар за Македонија против Словенија, поради што го пропушти и дуелот против Полска во Варшава. По враќањето во Загреб веднаш мина низ дополнителни лекарски прегледи кои, за среќа, утврдија несериозни оштетувања на зглобот но и покрај тоа ќе мора да паузира извесен период.

„Останува да видиме како ќе биде во следните денови, но најверојатно ќе мора да мирува уште една недела“ – пренесуваат хрватските медиуми информации од таборот на Динамо Загреб.

Се вчитува...